-2.2 C
Skopje
Monday, February 6, 2023

ВМРО-ДПМНЕ за резолуцијата: Jа водиме Македонија во насока на национално единство и просперитет

Најчитани вести

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да обединува и да ја води Македонија во насока на национално единство и просперитет, велат од опозициската партија, откако од СДСМ вчера порачаа дека ќе ја прифатат резолуцијата за македонските идентитетски линии.

„Резолуцијата која ја предложивме, а е плод на заедничките ставови на МАНУ, УКИМ и МПЦ – ОА ќе ги заштити националните црвени линии, околу кои не смее да има компромиси“, велат од ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат и дека станува збор за документ кој го отсликува ставот на народот.

Во партиската реакција се наведува дека позитивно е што голем број парламентарни партии се подготвени да ја поддржат резолуцијата, при што се посочува дека на тој начин ќе се изгради национален став и стратегија.

„Македонскиот јазик, идентитет и историја и национална посебност не смеат да бидат дел од никакви преговори. Се надеваме дека СДСМ ќе останат доследни на вчера кажаното и ќе ја поддржат резолуцијата, без низ собраниски процедури да се обидуваат да ја закочат и опструираат“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести