9.8 C
Skopje
Monday, September 27, 2021

ВМРО-ДПМНЕ за договорот со Бугарија: Народот будно да ги следи состојбите

Најчитани вести

Зоран Заев и Владата водат тајни разговори со Бугарија. Заев да каже што прифаќа и дали на маса е македонската национална посебност, рече на денешната прес-коференција, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

– Го повикуваме народот да биде внимателен и сериозно да ги следи состојбите, бидејќи на Заев не може да му се верува. Тој до сега безброј пати покажа дека едно ветува, а друго прави – кажа Стојаноски кои посочи дека досега од јавноста се криело дека воопшто се преговара, но од ВМРО-ДПМНЕ први го расветлиле тоа.
Тој посочи и дека опозициската партија е сериозно загрижена за државата.

– Сите ги знаеме бугарските позиции. Но, никој не ги знае позициите на Зоран Заев, тој јавно ги менува своите ставови и ја понижува Македонија. Позициите на Македонија со Заев се разнишани и постои сериозна опасност дека секој договор што тој би го постигнал ќе биде на штета на државата – вели Сојаноски.

Тој уште еднаш го повика Заев јавно да каже дали на маса е нов национален пораз и порача дека ВМРО-ДПМНЕ нема да почитува договор кој ќе значи негација на Македонија, нејзината национална посебност, јазик и историја.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com