16.8 C
Skopje
Monday, June 21, 2021

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја дозакопа неговата „султан партија“

Најчитани вести

Изборот на партиски кадри во СДСМ ја дозакопува „султан партијата“ на Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ по денешниот 26. Конгрес на владејачката партијата.

„Граѓаните се жалат на две крупни работи, лошото здравство и лошата економија. Филипче е лошото здравство, а Лукаревска лошата економија. Лукаревска ги штитеше фирмите на Заев, кои се редовно во врвот на листата неплаќачи на ДДВ, а Филипче бркаше провизии“, се наведува во партиската реакција, а во контекст на изборот на Сања Лукаревска за заменик-претседателка, а на Венко Филипче за еден од потпретседателите на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека СДСМ избрале стари кадри, кадри со врски со минатото, кадри кои, како што велат, ја испеале својата песна и нема што ново да понудат.

„Спасовски кој даде пасоши на 214 наркбосови, терористи и разни белосветски криминалци не е и не може да биде ново лице. Тој првин треба да се соочи со одговорност за целиот криминал. Љупчо Николовски кој наместо криминал брка путер и во среде пандемија отиде за Дубаи и го остави народот, не е иднината. Лошите политики ќе продолжат и со Мила Царовска која насила турка проект за дигитализација и Зоран Китанов од Струмица кого Заев го става на функции уште од времето кога беше градоначалник“, велат од опозициската партија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести