4.1 C
Skopje
Friday, December 3, 2021

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче прават се да ја уништат економијата, но ништо за намалување на бројките на заразени

Најчитани вести

Според ВМРО-ДПМНЕ, Венко Филипче и Зоран Заев, како штo велат од оваа партија, се без компас и покрај тоа што четвртиот бран гази во Македонија и има дневно повеќе од илјада заболени.

„И не само што има голем број на заболени во едно деноноќие, и не само што опозицијата и експертите предупредуваа, Заев и Филипче не направија ништо. Здравствениот систем не беше подготвен ни за првите три брана на коронавирус, не е подготвен ниту за овој четврти. И како би бил кога ништо не направија како што треба. Мерките кои ги воведоа, а дел и ќе ги воведуваат од први септември освен што внесуваат конфузија и што се во насока на уништување на економијата, секторот угостителството, веќе не се од никаква помош за намалување на бројките на заболените“, сметаат од опозициската партија.

„Заев и Филипче единствено се вешти за земање на провизии. Друго се што прават е уништување. Сега ја уништуваат економијата, а не се организирани да ги згрижат пациентите, уште помалку да се намали бројката на заболени“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com