СДСМ бега од ветувањето за една изборна единица, кое го даваше 7 години наназад. Лагите кои ги почна Заев во 2015-та, сега ги продолжува Ковачевски. Сега се кријат зад ДУИ и наоѓаат изговори, бидејќи самите не сакаат Македонија да биде една изборна единица, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека блокадата која ја најавува ДУИ за измените на Изборниот законик се нарачка на СДСМ.
СДСМ не ги излажа само своите помали коалициски партнери, туку ги излажа и граѓаните, исто како што ги излажа со флоскулите дека ќе донесат живот за сите, а донесоа неизвесност, сиромаштија и беда.
Сосема друго е прашањето како и со што се дисциплинирани и уценети помалите партии во власта, кои најавуваа дека ќе излезат од Владата ако не им се исполни барањето за една изборна единица во рок од три месеци.
Трите месеци истекуваат, а ветувањето на Заев и Ковачевски нема абер да се исполни, се вели во соопштението.