Home » ВМРО-ДПМНЕ: Единствена причина за лидерска средба гледаме во потребата за одредување датум за избори

ВМРО-ДПМНЕ: Единствена причина за лидерска средба гледаме во потребата за одредување датум за избори

by Журнал.мк

Премиерот Ковачевски вчера закажа средба за која спомена дека денеска ќе упати покани до партии, темата на која ќе се разговара е како што се вели во соопштението од Владата е европската иднина на земјава, но и за одлуките кои во наредниот период треба да се носат во Собранието со широк политички и општествен консезус.

Од ВМРО-ДПМНЕ во изјава за „Локално“, велат дека единствена и најголема причина за одржување на лидерска средба во овој момент е „потребата за одредување на датум за предвремени парламентарни избори“.

-Таква иницијатива нема официјално пристигнато, но во овој момент единствена и најголема причина за одржување на лидерска средба гледаме во потребата за одредување на датум за предвремени парламентарни избори на кој граѓаните ќе одберат дали ќе продолжат да живеаат со Влада како оваа на СДС и ДУИ или во Македонија со иднина за каква се бори ВМРО-ДПМНЕ, велат од опозицијата.

Премиерот и минатата недела ги повика политичките партии да седнат на маса и да најдат заеднички јазик, нагласувајќи дека според него добро е да се разговара за уставните измени со цел да се дојде до решение кое би било прифатливо за сите.

Претходно, иницијатива за средба со сите политички партии изразија и опозициските партии од албанскиот блок, кои во повеќе наврати кажаа дека ќе ги поддржат уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот, доколку се промени формулацијата „јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ со „албански јазик“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More