Home » ВМРО-ДПМНЕ: ДKСК треба да го провери имотот на Каевски, како на само 30 години има 4 милиони на сметка и стан

ВМРО-ДПМНЕ: ДKСК треба да го провери имотот на Каевски, како на само 30 години има 4 милиони на сметка и стан

by Журнал.мк

Дарко Каевски од голтар преку функционер од СДСМ до милионер – на само 30 години 4 милиони на сметка и стан. Дарко Каевски има само 30 години, а во банка има 4 милиони и стан од 60-на квадрати на свое име, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Каевски за разлика од неговите врсници кои едвај преживуваат имал среќа да биде функционер од СДСМ, пратеник и директор на АМС. Но и тоа не го оправдува неговиот имот, зошто така ако не трошел ниту денар од своите примања 6 години можел да го купи само станот, но не и 4-те милиони на сметка.

Каевски нема оправдување за својот имот. Исто како што немаат оправдување ниту Зоран Заев, ниту Димитар Ковачевски.
Државната комисија за спречување на корупцијата треба да отвори случај и да утврди како Каевски на само 30 години се стекнал со 4 милиони на сметка и стан, и дали за тоа ја злоупотребил функцијата“, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More