25.8 C
Skopje
Wednesday, September 28, 2022

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесе пријава против Џафери, на потег е Минов

Најчитани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието ќе поднесе пријава до Комисијата за деловнички и мандатно имунитетски прашања против претседателот на Собранието Талат Џафери за аудиосниомката на која се слуша како првиот парламентарец вика и навредува собраниски службеници.

Пријавата е поради прекршување на етичкиот Кодекс на пратениците од страна на претседателот на Собранието и како што веќе најави ВМРО-ДПМНЕ со пријавата ќе достават докази, но и сведоци за скандалот на Џафери. Според информации од пратеничката група, освен аудиоснимката на која се слуша како Џафери вулгарно им се обраќа на собраниските службеници, на комисиската расправа ќе повикаат и тројца или четворица сведоци кои биле присутни во салата за време на инцидентот. За барањето претседателот на Комисијата Минов да свика седница, ВМРО-ДПМНЕ ќе се повика на собранискиот Деловник, како и на етичкиот Кодекс.

ВМРО-ДПМНЕ веќе го повика претседателот на Комисијата Панчо Минов да свика седница за инцидентот на Џафери, на што тој одговори дека Комисијата ќе расправа само доколку добие пријава од пратеник.

Во зависност од оценката на членовите на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања за тежината на прекршокот, може да се изрече јавна опомена или да се донесе одлука и за суспензија на пратеник во траење од еден месец или забрана да претседава со работните тела на Собранието во траење до еден месец.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com