25.8 C
Skopje
Wednesday, September 28, 2022

ВМРО-ДПМНЕ: Дали ЕТЦ ТРАВЕЛ ќе профитира од аранжманите за Порто

Најчитани вести

Дали ЕТЦ ТРАВЕЛ, Агенција сопственост на братот на Артан Груби ќе профитира од аранжманите за Порто за мечот Македонија – Португалија!?

Дали чартер летот што ќе го организира ФФМ, а ќе чини 500 евра по човек ќе биде преку Туристичката агенција ЕТЦ ТРАВЕЛ, сопственост на Ветон Груби, брат на Артан Груби?

Дали браќата Груби сакаат да профитираат од спортот, и од сите оние наши сограѓани кои ќе сакаат да одат да ја бодрат нашата репрезентација, а тоа ќе мора да го сторат преку чартер летот кој ќе се одвива преку ЕТЦ ТРАВЕЛ на Груби?

Доколку се пријават 200 наши сограѓани, браќата Груби би инкасирале 100.000 евра.

Доколку се пријават 400, сумата која ќе ја наплати Агенцијата на Груби ќе биде 200.000 евра.

Дали на Груби не му е доволно што од голтар стана милионер, па сега сака да ќарува и на спортската еуфорија и радоста на граѓаните за успехот на репрезентацијата?

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com