25.8 C
Skopje
Wednesday, September 28, 2022

ВМРО-ДПМНЕ: Губитникот Заев да си замине, тој е делигитимиран од народот

Најчитани вести

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во соопштението испратено до медиумите бара губитникот Заев, како што го нарекуваат од таму, да си замине, тој според нив е делигитимиран од народот.

„Народот го порази Заев за сите понижувања, сиромаштија и кражби што ги направи. Народот го казни за најголемата смртност од Ковид во светот, за провизиите од вакцини кои ги бркаа тој и Филипче, за 14 живи изгорени луѓе. Народот му даде црвен картон на Заев и за сите криминали и белосветски мафијаши кои ги направи македонски државјани. Народот не сака Драги Рашковски да мести тендери, и да не одговара, туку да се шета на слобода, исто како и Ден Дончев, кој го видовме со туце пари во торба. Народот сака одговорност и одговори и за енергетската криза во која не фрлија и поскапувањето на струјата“, е напишано во писмениот допис од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев, додаваат од таму, мора да си замине и заради инфлацијата која ги јаде парите на граѓаните, поскапениот живот и лошите услови.

Заев и СДСМ мора да си заминат, затоа што државата не смее да продолжи да губи, се нагласува во писмената реакција од опозициската партија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com