Home » ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните да понесат државно знаме на протестот

ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните да понесат државно знаме на протестот

by Журнал.мк

Опозициската ВМРО ДПМНЕ ги повика сите граѓани да понесат државно знаме на протестот, бидејќи, како што велат народот дели исти проблеми.

„Маката, проблемите, инфлацијата, сиромаштијата, корупцијата, распаднатото здравство се работите кои ги засегаат сите луѓе во Македонија. И ова се подеднаквите проблеми кои ги обединуваат и Македонците, и Албанците, и Турците, и Ромите, и Србите, и Власите, и Бошњаците и сите останати. Станавме држава со највисок раст на горивата, држава со најмал раст на БДП во Европа, највисока стапка на инфлација. Овие работи кои силно го тиштат народот може да се менуваат исклучиво преку промени, избори и смена на власта.

Затоа на „Протестот за промени” ги повикуваме сите граѓани да понесат со себе државни знамиња, да се обединиме околу македонското сонце и да испратиме порака дека сме обединети сите луѓе во заложбата да ја направиме Македонија подобро место за живеење, и со тоа ќе дојдеме до промени. Испраќаме порака сите граѓани со себе да понесат државно знаме, македонското сонце, да демонстрираме одлучност дека само заедно можеме да ги менуваме работите, само обединети може да обезбедиме иднина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Протестот ќе се случи во сабота со почеток во 20 часот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More