17.8 C
Skopje
Saturday, July 31, 2021

ВМРО-ДПМНЕ: Георгиевски и Бучковски се гласот на Заев кон Софија

Најчитани вести

„Георгиевски и Бучковски се истурени играчи на Заев. Нивниот став за Бугарија е и негов. Бучковски кажа дека тезите на Георгиевски за обезличување на Македонија вреди да се разговараат. Бучковски го подржува Георгиевски, а Бучковски е повереник на владата за спорот со Бугарија. Ставот на Бучковски е и став на Заев“, смета ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев, Бучковски и Георгиевски имаат за цел да го избришат македонскиот народ и да го престават како нова творба. Тие го обезличуваат нашиот идентитет, јазик и култура. Заев, Бучковски и Георгиевски молчат на сите провокации и мешања во внатрешните работи на Бугарија во Македонија. Заев, Бучковски и Георгиевски се причината поради која Бугарија се чувствува комотна да ја понижува Македонија“, се вели во сопштението на ВМРО-ДПМНЕ..

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести