17.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието достави потписи за иницијатива за поништување на Законот за попис

Најчитани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието ги достави потписите и записниците од Иницијативата за собирање најмалку 10.000 потписи за донесување донесување на закон за поништување на Законот за попис.

„Апелираме и укажуваме до власта да прекине со постапката за попис, бидејќи секаде во Европа и во светот, пописите се одложени за 2022 година. Ја повикуваме власта да се одважи и да го одложи пописот за 2022 година, да направат забелешки во текстот на законот и да го подобри за да може да имаме онаков попис каков што е потребен за развој на државата, бидејќи сегашниот текст на законот за попис нема да донесе ништо што е различно од она што го имаме“, изјави на прес-конференција Ѓорѓија Сајкоски, пратеник од опозициската партија.

Тој додаде дека очекуваат дека ќе доијат огромна поддршка од граѓаните и дека следниот период, како што вели, ќе ја разбудат власта дека на ваков начин со сила и на легитимен начин без консултации на пошироката јавноста и на политичките партии не може да се носат важни и суштински закони“.

„Затоа, и преку Собранието поднесовме четириесетина суштински амандмани со кои што требаше да се подобри текстот на законот. За жал, беа сите амандмани одбиени“, рече Сајкоски.

Според него, опозицијата укажала дека лошо е да има врзан потпис затоа што фрла сомнеж врз самиот процес на попишување.

„Укажавме дека никаде во светот нема попис на резидентно население, а да се попишуваат и нерезидентите односно граѓаните кои не живеат во Република Македонија“, рече Сајкоски.

Тој рече дека не очекува опструкции за собирањето на десетте илјади потписи во рамки на Иницијативата за поништување на Законот за попис.

Проценките на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се дека со собирање 10.000 потписи би можело да почне во почетокот на март, најверојатно на територијата на целата држава, односно во сите подрачни одделенија на ДИК.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести