-3.2 C
Skopje
Wednesday, January 19, 2022

ВМРО-ДПМНЕ: ВО СДСМ НИШТО НОВО, СИНЧЕТО НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОД ТРАНЗИЦИЈАТА, КОВАЧЕВСКИ ЌЕ БИДЕ НАСЛЕДНИК И ПИУН НА ЗАЕВ

Најчитани вести

Во СДСМ ништо ново, синчето на градоначалникот од транзицијата ќе биде наследник и пиун на Заев.

Димитар Ковачевски е копија на Заев, син на транзициски функционер – градоначалник на Куманово.

Ковачевски е заменик министер за финансии кога јавниот долг отиде на 7 милијарди евра.

На Ковачевски во финансии му се случи и досега најголема инфлација и економска криза како што не се памети од транзицијата, кога неговиот татко беше функционер.

Димитар Ковачевски е пиунот на Заев, и не е никаков нов кадар. Тоа е човекот кој треба да продолжи со погубните и криминални политики на СДСМ и да обезбеди заштита за семејството Заеви. Ковачевски треба да затвори очи пред рекетот на Вице, плантажите со марихуана на Трајче и криминалите на Зоран.

Ковачевски е решението за лидер на СДСМ уште пред да се одржи конгресот кој треба да биде фарса на која ќе се одглуми некаков избор.

Ковачевски е машата на Заев која треба да продолжи со Заевизмот. Сите нив народот ќе ги порази на предвремените парламентарни избори.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com