17.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

ВМРО-ДПМНЕ: Власта не го решава проблемот со загадувањето затоа што профитот и бизнисите и се пред здравјето на граѓаните.

Најчитани вести

Власта на СДСМ не го решава проблемот со загадувањето затоа што профитот и бизнисите и се пред здравјето на граѓаните. Во депонијата „Дрисла“ се складира отпад којшто се согорува и го загадува воздухот во Скопје со канцерогени честички.

Скопје е загадено и од согорувањето на коксот со 18% сулфур диоксид и обоениот текстил во 8-те фабрики на олигарсите на Зоран Заев и Петре Шилегов.

Не се исполнија предизборните ветувања на Петре Шилегов и Зоран Заев кога најавуваа решавање на проблемот.Петре Шилегов е три години градоначалник на Скопје, но за проблемот со загадувањето молчи, за разлика од локалните избори. Шилегов тогаш ја посочуваше депонијата „Дрисла“ како најголем загадувач на воздухот и ветуваше нејзино затворање.

За разлика од тогаш, сегашната ситуација покажува дека власта на СДСМ свесно ги загрозува животите на граѓаните. Нивната доверба во Шилегов е урнисана. Повеќе не може да им се верува на лажните ветувања на Зоран Заев и Петре Шилегов.

Се што ветија, не исполнија. Секое ветување беше лажно и празно. Време е за одговорност и за обнова на Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com