0.8 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

ВМРО-ДПМНЕ: Власта на Заев неспособна дури и свидетелства да подели

Најчитани вести

Апсолутната неспособност и неодговорност на Мила Царовска создаде целосен хаос во образованието. Учебната година на Царовска како министер ај што почна со доцнење од еден месец, ај што немаше ништо од помпезно најавуваната национална платформа за онлајн учење, ај што ги лажеше граѓаните за наводен фински концепт за да го оправда укинувањето на историјата како посебен предмет, ај што диктаторски се обидува да наметне антиреформи и измени на закони, спротивно на мислењето на јавноста и експертите, на крајот на годината и се случи најголемиот скандал, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено оваа година наместо во јуни свидетелства ќе се делат до почетокот на идната учебна година. Како ја почна учебната година, Царовска така и ја заврши, со тотален дебакл.

Да биде скандалот поголем дел од училиштата им наплаќале да учениците за свидетелства, што е спротивно на законот кој предвидува бесплатно основно и средно образование и покажува дека некој прави бизнис на сета мака на учениците и родителите кои ја видоа оваа година со неспособната власт на Заев и катастрофалната Царовска.
Нема свидетелства, нема пасоши, нема регистарски таблици, нема возачки дозволи, нема ништо за граѓаните. Граѓаните станаа граѓани од втор ред, а елитата на власт користи секакви привилегии. Тоа мора да престане, мора да победи концептот Македонија за сите луѓе, а ликовите како Заев и Царовска да понесат одговорност за своите политики“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com