4 C
Skopje
Wednesday, January 20, 2021

ВМРО-ДПМНЕ: Власта манипулира со наводно зголемување на платите во образованието

Најчитани вести

Измамникот Заев е синоним за лагата.Листата на лагите и лажните ветувања од актуелната власт нема крај. Лажењето експлодира, бидејќи Заев се соочува со страв од поразот кој знае дека го очекува на 12 Април следната година, соопшти ВМРО- ДПМНЕ.

Програмата „Живот за Македонија” на СДСМ со која ревносно мафтаа пред три години во предизборието, сега може да се именува како „Најголемите политички лаги во Македонија”. Сега измамникот повторно манипулира со наводно зголемување на плата, а реалноста е дека повторно ги лаже професорите и наставниците кои и до сега требаше да изнесуваат 31.660 денари или 5.660 денари повеќе од оние 10% што власта сака да го претстави како зголемување.

Доколку со сегашната минималната плата од 12.500 денари се помножи коефициентот на сложеност од 2,533 ќе искочи дека професорите и наставниците треба да добијат 5.600 денари повеќе од она „зголемување” од 10 % кое власта вели дека го исполнува.

Лагите и манипулациите на СДСМ само се потврдија со бегањето од гласањето на новиот закон за минимална плата, со кое впрочем доколку истата се покачи на 14.500 денари, ќе се потврди дека согласно Колективниот договор во образованието платите на просветните работници треба да бидат 36.700 денари, односно 10.700 денари повеќе од лагата која што власта се обидува да протне на најпопулистички начин.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги рецензира лагите на оваа власт се до нејзиното заминување. Владата на Заев ќе остане да биде забележана како нејнеспособна влада во историјата на Македонија, никој не смее да се служи со манипулации за политички поени. На Заев му е јасно дека одговорноста за неговите лажни политики и манипулаторските мерки ќе кулминира на 12 април следната година, кога граѓаните ќе ги казнат фиктивните мерки и расипничкото трошење на народните пари.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести