14.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

ВМРО-ДПМНЕ: Владата не работи ништо, за 7 месеци реализирале само 30% од планираните капитални инвестиции

Најчитани вести

„Владата не работи ништо, за 7 месеци реализирале само 30% од планираните капитални инвестиции. Нема нови патишта, нема нови училишта, болници или други капитални проекти. Најголема реализација на капиталните инвестиции од сите буџетски корисници има Агенцијата за разузнавање со над 98% реализација. Ова е показател дека власта ништо не работи само пари троши на неважни работи“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Од 96 буџетски корисници дури 16 институции имаат 0% или блиску до 0% реализација на капиталните инвестиции.

Околу 30 од институциите имаат реализација под 10%.

Институциите кои треба да имаат реализација на капитални инвестиции немаат.

Дополнително загрижува фактот што во ставката на капитални инвестиции се засметани и купувањето на мебел и луксузни добра кои не им се од полза на граѓаните, туку на функционерите.

И додека реализацијата на капиталните расходи потфрла, тековните расходи се реализираат сосема непречено. Платите и надоместоците се реализирани со 57%, трансферите со 55%.

Заклучно јули владата направила дефицит, односно буџетска дупка, од 306 милиони евра. Ова се пари кои се покриваат со нови задолжувања.

А секое ново задолжување е се поскапо. Тоа го потврдува и листата на Стандар и Пурс каде Македонија е рангирана како високоризична земја и опишана под поимот ѓубре. Ваквата оценка на Стандард и Пурс кажува дека Македонија се наоѓа пред период кога отежнато ќе ги враќа своите долгови.

Власта мора да одговори каде завршиле овие пари, а немаме капитални инвестиции? Кој и како ги троши парите на идните генерации?

Време е да се стави крај на расипништвото. Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com