Home » ВМРО-ДПМНЕ бара повлекување од пленарна седница на законот за Игри на среќа

ВМРО-ДПМНЕ бара повлекување од пленарна седница на законот за Игри на среќа

by Журнал.мк

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе бара повлекување на два закони од денешната собраниска седница и тоа Законот за игрите на среќа, кој е предложен да се носи со европско знаменце, и Предлог законот за дополнување на Законот за лекови и за медицински средства.

Пратеникот Миле Лефков денеска на прес-конференција истакна дека евроспкото знаменце се злоупотребува  за Законот за игрите на среќа, кој нема никакво повикување на регулатива или директива која се транспонира во домашното законодавство.

Неговата пратеничка група ќе бара овој закон да се симне од дневен ред на денешната седница, а Собранието дополнително да ја преиспита употребата на ЕУ знамето за овој закон.

-Инсистирањето на ДУИ да се донесе овој закон ќе ни направи потенцијални проблеми со одредени земји-членки на ЕУ, рече Лефков.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk