5.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Спасовски поради кражбата на масло од канабис

Најчитани вести

Оливер Спасовски да си даде оставка, тој или е неспособен да ги фати крадците на маслото од марихуана или е дел од криминалот, реагираат повторно од ВМРО-ДПМНЕ за кражбата во која, како што тврдат од партијата, од фабрика за марихуана било украдено масло вредно два милиони евра.

„Кражбата е извршена во објект во кој има десетици камери, а Спасовски уште не знае кој и каде е крадецот. Објектот го обезбедувала приватна агенција за обезбедување со седиште во Струмица, а ниту тие не знаат кој ги заобиколил и ја ограбил фабриката.Четири дена нема реакција од МВР, период доволен за маслото од марихуана одамна да биде изнесено од државата и продадено на црн пазар во странство, а некој дебело да профитира – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во средата (20 април) за ваква кражба на социјалните мрежи објави пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачевски, тврдејќи дека таа се случила истото утро во производствениот погон кај крушевското село Алданци на фабриката „5 летерс“.

На прашање до МВР дали се случила таква кражба, од Министерството тогаш ни одговорија е пријавена кражба која се случила во периодот од вечерните часови на 18 април до утринските часови на 19 април, како и дека се украдени 108 шишиња масло од канабис и шест најлонски кеси со иглички од цвет од канабис.

„На 19.4.2022 во 11.31 часот во СВР Битола, раководител на агенција за обезбедување пријавил дека во периодот од 18:30 часот на 18.4.2022 до 6:30 часот на 19.4.2022 во фабрика за производство на марихуана во стечај во близина на село Алданци, Крушевско, било влезено со употреба на сила и погоден алат и биле одземени 108 шишиња масло од канабис и шест најлонски кеси со иглички од цветот од растението канабис. Увид на местото извршиле увидни екипи од Надворешните канцеларии за криминалистички работи Крушево и Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот – рекоа од МВР.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com