15.8 C
Skopje
Monday, June 21, 2021

ВМРО-ДПМНЕ бара место службени да се купуваат амбулантски и противпожарни возила

Најчитани вести

Во земјава има масовно купување службени возила за повеќе институции, како Владата, ФЗОМ, за МЖ Транспорт, тие средствата треба да бидат пренаменети за амбулантски и противпожарни возила. Ова денеска на собраниската седница на која се расправаше за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки го побара пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

Тој посочи дека прилично е намален буџетот и прилично се намалени ставките во однос на 2019 година, а во 2020 година има намалување за 15-20 отсто на сите ставки. Укажа дека само кај ставката за договорни услуги има зголемување на сумата за 27 отсто.

Пратениците од власта истакнаа дека не се зголемени финансиските средства, туку напротив во многу ставки се намалени, како што се стоките и услугите, патните, дневните трошоци, комуналните услуги … Според нив, има намалување и кај капиталните расходи.

Во дискусијата, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се осврнаа на, како што велат, аферите со јавните набавки, работата на скопските градоначалници од СДСМ, на Град Скопје, на Аеродром, Бутел … Зоранчо Јованчев од ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека без разлика какви закони, одлуки и препораки да се донесат во Собранието, ако лицата кои се одговорни во договорните органи не го сменат своето мислење и работа во делот на јавните набавки тогаш, како што рече, се е попусто.

Гласањето за овие точки ќе биде дополнително закажано соо оглед на тоа што немаше доволно мнозинство во Собранието.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести