Home » ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска веднаш да си даде оставка

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска веднаш да си даде оставка

by Журнал.мк

Деструктивна и криминална до коска, Арсовска веднаш да си даде оставка. Неспособноста на Арсовска беше закана за масовна зараза во Скопје, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и го чистеа ѓубрето, соопштуваат од опозициската партија.

Со денови не се собира ѓубрето во Скопје поради неспособноста на Арсовска и градската власт. Вчера во текот вечерта и доцна во ноќта екипи формирани од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ со екипи и механизација од градови од внатрешноста помогнаа значаен дел од ѓубрето наталожено со денови да се исчисти од улиците, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека неспособноста и примитивизмот на Арсовска немаат граница, а тоа се виде кога нејзиниот директор во ЈП Дрисла одбиваше да го прими ѓубрето однесено со камиони.

Фрустрациите на Арсовска веројатно одат до таму, што не само е неспособна, туку не може да се носи со фактот што градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ кои управуваат со далеку помали системи на локална организација успеаја да го решат проблемот кој таа го создаде. За фрустрациите и другите состојби на Арсовска и порачуваме, дека не можеме да и помогнеме, за тоа има други институции, но за Скопје е најдобро да си даде оставка, и тоа што побрзо, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More