Home » ВМРО: Владата си поигрува со болните, демек нема пари за лекови, а прокоцка околу 40 милиона евра од пропаднатата еврообврзница

ВМРО: Владата си поигрува со болните, демек нема пари за лекови, а прокоцка околу 40 милиона евра од пропаднатата еврообврзница

by Журнал.мк

Македонија, а и здравството го водат луѓе без план за граѓаните. Здравството го водат луѓе кои имаат план само за лични интереси. Секоја постапка се случува или не во зависност од тоа дали имаат интерес.

Ова резултира со негрижа за граѓаните, за пациентите. Требаше да почине пациент со цистична фиброза за да се освестат. Надлежните заплеткани во лаги набавија лек само за осум пациенти.

Сите останати со оваа болест се изиграни. Станува збор за 120 пациенти на кои исто им треба лекот Трикафта, но за нив нема. Не и биле во план на криминалната екипа на Димитар Ковачевски. Овие ликови на Ковачевски си тераат само пи ар.

Не дека се нема пари, ама не ги интересираат граѓаните. Колку за илустрација Владата загуби 18 милиони евра од пропаднатата еврообврзница, Владата треба да плати отштета околу 20 милиони евра за прекин на договорот за изградба на нов клинички Мајка Тереза. Само по овие два основи, односно поради неодговорната власт пропаѓаат околу 40 милиони евра!

Граѓаните плаќаат висока цена за нивната неодговорност. На граѓаните им требаат одговорни политичари. Политичари кои ќе се грижат за нивното здравје. Затоа оваа криминална екипа на Ковачевски мора да замине!

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk