Home » Вложување во креативниот потенцијал на младите

Вложување во креативниот потенцијал на младите

by Журнал.мк

Според студијата што ја изработиле од Фондацијата за демократија на Вестминстер, бројот на младите меѓу двата пописа, од 2002 и последниот од 2021 година, се намалил за шест насто. Според Законот за млади, треба да се издвојат 0,3 проценти од вкупниот буџет на државата и 0,1 насто од општинскиот буџет за спроведување на младинските политики, но тоа не се случува во практика, потенцираат истражувачите.

Во Државниот завод за статистика велат дека причините за иселување на младите се сложени, меѓутоа тие не се занимаваат со генезата на проблемот, туку со демографските појави, кои според директорот на статистика, се загрижувачки, особено во поглед на иселувањето на млад и образован кадар од земјава.

Агенцијата за млади и спорт, која располага со овој буџет, повеќе пари наменува за спорт отколку за спроведување политики за млади. Но велат, подготвена е стратегија за младите во која буџетот ќе биде зголемен.

Младински совети се формирани во осум од вкупно 81 општина. 53 насто од младите се економски неактивни, невработеноста е 28 насто и за 15 насто повисока во однос на земјите од ЕУ. Во однос на образовната структура, 30 насто се со основно образование, 48 со средно, а факултет завршиле 14 насто од младата популација.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More