14.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Власта со нови детали за бегството на Груевски, извадил голема сума на пари, бил и следен

Најчитани вести

Оливер Спасовски , Министерот за внатрешни работи утрово, во Утрински брифинг зборуваше и за деталите од бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, пишува Прес24.

Да преземам морална одговорност за тоа што го работат секторите со кои што раководам.

Ако има пропуст, да, но таму нема пропуст. Истрагата ако покаже одговорност кај било треба даима не морална, политичка, туку кривична одговорност.

Бегството на Груевски е нешто што најмногу не разочара сите нас – и политичарите и граѓаните.

Тој беше олицетворение на криминалот. И тогаш истата ситуација се случува.

Имаме состојба во која што тој вади голема сума на финансиски средства, Управата за финсиско разузнавање тоа го следи, ја доставува информацијата до Јавното обвинителство, до Катица Јанева и не се презема ниту една мерка да се обезбеди заштита.

Уште тогаш се сеќавате дека јас реков дека почнувам да се сомневам во СЈО.

3атоа што не може ако ги составувате информациите тие да не се проследуваат понатаму или да не бидат индиција дека може да ни се случува нешто.

Затоа многу е важно да имаме легислативна реформа, но исто така и исто толку важно е да го смениме нашиот ум во перцепирањето и размислувањето.

Да знаеме што е тоа што треба да правиме, да бидеме многу поодговорни према државата и граѓаните и затоа со сите сили треба да удриме на криминалот и корупцијата, дециден е Спасовски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com