Home » Власта и опозицијата со непроменети ставови пред почетокот на собраниската седница

Власта и опозицијата со непроменети ставови пред почетокот на собраниската седница

by Журнал.мк

Пратениците од власта и опозицијата остануваат на своите ставови пред почетокот на денешната собраниска седница на која единствена точка на дневен ред е Предлогот за пристапување кон измени на Уставот.

Според СДСМ, денешната седница ќе покаже дали ВМРО-ДПМНЕ е за или против Европската унија. Измените на Уставот, велат оттаму, се потребни за да продолжи евроинтегративниот процес и отворањето на поглавјата од процесот на преговори.

Од ДУИ сметаат дека денешната седница е одлучувачка за европската иднина на државата и апелираат до сите пратеници да размислат за важноста на нивната историска улога.

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот да не даде поддршка за уставните измени. 

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, пак, очекува брзо да заврши пленарната седница и дека ќе нема мнозинство за уставните измени.

Од „Алтернатива“ сметаат дека седницата нема да заврши денеска и дека овој процес ќе потрае, додека независниот пратеник Скендер Реџепи во изјава за медиумите дадена пред почетокот на сендицата рече дека нема можности за уставни измени.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk