9 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Владо ја одведе Вера во Хрватска, ќе ѝ гради кариера

Најчитани вести

Пејачот Владо Јаневски минатата недела во Хрватска ја промовираше својата последна песна „Откад си његова“. Тој гостуваше во неколку телевизии, а во сите друштво му правеше првата Мис на Македонија Вера Мештеровиќ. Таа ја има главната улога во неговиот последен спот, па оттогаш пејачот и мисицата се често заедно, а многумина зборуваат и дека се во врска.

„Ова е љубовна песна како и повеќето кои наскоро ќе можете да ги слушнете. Логично беше во спотот да земам и убава жена, па се за Вера. Таа е нашата гордост, првата македонска Мис која беше на светски Мис за убавина“, рекол Владо за „Телевизија Запад“.

Мештеровиќ, пак, рече дека се радува што соработува со Јаневски, зашто нивната соработка може да ѝ ја подобри кариерата.

„Се радувам што имам можност да соработувам со професионалци и што може да ми се отворат повеќе врати во кариерата. И јас, како Владо, имам долга кариера. Тој се промовира како пејач, јас како модел, но многу ми е драго што глумев во спотот“, рекла Вера.

Пред неколку месеци, во интервју за Репортер, Владо откри дека веќе нема намера да се крие и дека се почесто ќе го има во медиумите. Годинава пејачот направи концерт по повод 25 години музичка кариера.

Текстот Владо ја одведе Вера во Хрватска, ќе ѝ гради кариера е превземен од Reporter.mk.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести