21 C
Skopje
Friday, May 14, 2021

Влада: Милошоски лаже дека Заев и Спасовски делеле пасоши на терористи на ИСИС

Најчитани вести

Владата најостро ги демантира и отфрла како невистинити тврдењата на пратеникот Антонио Милошоски дека наводно „премиерот Заев и министерот Спасовски делеле македонски пасоши на терористи од ИСИС“.

„Ова е брутална лага која има за цел да ја манипулира јавноста, да попречува случајот да се расчисти до крај и да направи штета на угледот на институциите кои посветено и успешно се справуваат со секаков вид криминал.Институциите разоткрија случај и сузбија криминална група, чии членови – вработени во управните служби на МВР, злоупотребувајќи ја службената положба издавале македонски патни исправи преку злоупотреба на туѓ идентитет“ се вели во демантот на Владата.

Оттаму додаваат дека челниците на ВМРО-ДПМНЕ ја саботирале акцијата неколку дена пред да се слуши.

„ Неколку дена пред да бидат соопштени резултатите од акцијата челниците на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ започнаа да ја саботираат акцијата, а тоа го прават и деновиве и со тоа сериозно и неодговорно се обидуваат да го загрозуваат процесот преку доведување на јавноста во заблуда со лаги“, се констатира во демантот на владата.

Владата, како што се наведува во демантот, очекува Обвинителството да расчисти со овие обиди за саботажа.

„Остануваме посветени на бескомпромисна борба со организираниот криминал и корупција и во таа насока продолжува и соработката со нашите стратешки партнери“, пишува во демантот на Владата.

Антонио Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска презентираше нови содржини поврзани со аферата за давање македоснки пасоши на криминалци. при тоа тој рече дека ваков пасош издаден од МВР во 2018 година добил и косовскиот државјанин Фитим Дема, член на радикалната терористичка група ИСИС.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести