26.8 C
Skopje
Wednesday, June 16, 2021

Влада: Заев и министрите штедат време, затоа користат хеликоптер

Најчитани вести

Премиерот Зоран Заев, заедно со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерот за здравство Венко Филипче, патуваа на релација Скопје-Прилеп со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, потврдија од Владата за Плусинфо.

Оттаму велат дека на повратната релација кон Скопје во хеликоптерот патуваат премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, а причината била да се заштеди време.

„Причината за користење на ова превозно средство е поврзана со обврските и агендите на премиерот и министрите и потребата од рационализација на времето, со цел секој од нив на време да ги заврши планираните теренски обврски и на време да може да се врати во Скопје за редовните владини и кабинетски обврски. Денешните летови се во рамки на обврските за задолжително исполнување работни месечни часови кои согласно стандардите важат и за пилотите и за леталата“, велат од Владата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести