8.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Владата ќе ја одржи редовната 101-ва седница

Најчитани вести

На 101-ва седница денеска Владата ќе разгледува и повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните, соопштија од владиниот Сектор за односи со јавноста

Информацијата со Извештај за реализирани активности за 2020 година од Националната стратегија за развој на концептот за „Едно општество за сите и интеркултурализам” и Акцискиот план за спроведување на стратегијата за 2021-2022 година е на дневниот ред на денешната редовна седница на Владата на Република Македонија.

На 101-ва седница денеска Владата ќе разгледува и повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните, соопштија од владиниот Сектор за односи со јавноста.

Согласно дневниот ред, на седницата ќе биде разгледана и Информација за ставање на вино во промет и извоз, произведено од винско грозје од берба 2020 година, изготвена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Како што е најавено, ќе биде разгледана Информација за пристапување на Република Македонија на Меморандумот за разбирање за олеснување на патниот транспорт на стоки во регионот на Организацијата за Црноморска економска соработка.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com