17.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Владата ќе одлучува за укинување на полицискиот час

Најчитани вести

На седница што ќе започне денеска во 13 часот според соопштение од владините служби на дневен ред пред министрите за разгледување, ќе се најде и записникот од Четириесет и првиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус, одржан на 14.6.2021 година, во кој се вклучени најновите предлози на Комисијата за заразни болести.

Во препораките на Комисијата беше напоменато од утре да има целосно укинување на полицискиот час и на ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави, како и дозвола за организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50 отсто од објектот и не повеќе од 1000 лица, ова беа препораките кои ги донесе Комисијата за заразни болести и ги прифати Главниот координативен Ковид-19 кризен штаб, а се очекува денеска на својата седница да ги усвои Владата.

Покрај седница за носење на најновите препораки од Комисијата за заразни болести, Владата денеска, со почеток во 11:00 часот ќе ја одржи и редовната 78-ма, тематска седница, на која ќе се разгледуваат повеќе информации за склучување договори за инфраструктурни проекти од ТАВ програмата со 23 општини.

Според предложениот дневен ред, пред министрите за разгледување ќе се најде и Информацијата за усвојување на текст на Меморандум за разбирање помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Командата на Врховниот Сојузнички Командант за трансформација и Врховната Команда на сојузничките сили на Европа, во врска со обезбедувањето на поддршка од земја домаќин за спроведување на НАТО операции, вежби и слични воени активности.

За заклучоците и одлуките од денешните Владини седници, јавноста ќе биде информирана со соопштение.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com