14.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Владата ја усвои информацијата за бесплатен Wi-Fi на јавни површини

Најчитани вести

Владата ја разгледа и усвои информацијата за обезбедување бесплатен државен Wi-Fi на отворени јавни површини.

Како што информираат од владината прес-служба, за реализација на оваа програма Владата ќе препорача на Јавното претпријатие „Национална радиодифузија“ – Скопје, како носител на реализацијата на проектот за обезбедување бесплатен државен Wi-Fi на отворени јавни површини на локации од интерес за туристи од страна на телекомуникациски оператори, до крајот на оваа година во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и локалните самоуправи, да подготви и достави предлог-листа на локации за обезбедување бесплатен државен Wi-Fi за цела територија на државата.

– До крајот на април 2022 година, во соработка со Министерство за информатичко општество и администрација, Национална канцеларија за бродбенд компетентност и Агенцијата за електронски комуникации ќе одржат јавни состаноци со заинтересираните оператори и локалните самоуправи за реализацијата на обезбедувањето бесплатен безжичен Wi-Fi на одобрените локации од интерес за туристите, информираат од Владата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com