17.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

Владата ја одржа својата седница во Тетово, во фокусот локалните инфраструктурни проекти

Најчитани вести

Владата на Република Северна Македонија вечерва ја одржува својата редовна 165-та седница во Тетово, како втора од 10 седници што во наредниот период ќе се одржуваат во различни региони во државата.

Премиерот Заев ја отвори седницата со централната точка на дневниот ред: Информација за состојбите и извршените посети во општините Тетово, Гостивар, Јегуновце, Врапчиште, Боговиње, Брвеница, Теарце и Желино.

-Оваа наша цел можеме да ја оствариме и врз основа на искуствата од бројните проекти што ги реализираше централната власт и што се од посебен интерес на граѓаните од полошкиот регион. Таква инвестиција е изградбата на гасоводот на делницата Скопје-Тетово-Гостивар во должина од 76 километри, вреден 29 милиони евра. Целосно ќе биде изграден во 2020 година кога ќе го доведеме гасот до граѓаните и компаниите во Гостивар и Тетово со што значително ќе се намалат на трошоците на граѓаните и ќе биде од огромен придонес за намалување на аерозагадувањето. Ја завршивме изградбата на филтер станицата на водоснабдителниот систем во Тетово со што градот сега се снабдува со квалитетна вода. Заврши и рехабилитацијата на регионален пат Тетово-Попова Шапка во должина од 18,2 километри, инвестиција вредна 1,7 милиони евра и се подобри пристапноста до скијачкиот центар Попова Шапка за сите посетители, рече Заев.

Во продолжение на седницата говореа градоначалниците и претставниците на општините од овој регион и беа утврдени насоките за остварување на тековни проекти кои се реализираат во соработка на локалните и централната власт и се презентираа идните приоритети кои главни се однесуваат на инфраструктурните проекти во патната мрежа, во образовните институции, како и во проектите за водоснабдување, канализационите системи и депониите за обработка на отпадот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com