13 C
Skopje
Saturday, May 8, 2021

Владата усвои Програма за рефундирање на средства за набавка на автомобил за лица со инвалидитет

Најчитани вести

Владата денеска усвои Програма за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил за лица со тешка и најтешка телесна инвалидност, лица со умерена, тешка и длабока ментална попреченост за потполно слепи лица со придружник и за потполно глуви лица за 2021 година.

– Оваа програма има за цел да овозможи полесен пристап до автомобил на овие корисници, а со тоа и нивна полесна мобилност и социјална вклученост во заедницата, се наведува во соопштението од 38-мата владина седница.

Покрај ова, на предлог на Министерството за труд и социјална политика, на денешната седница на Владата се усвоени и Предлог-програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица за 2021 година, како и Предлог-програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2021 година.

– Со оваа програма се уредува финансирањето за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица за 2021 година, како и изградба и опремување на градинки за деца, како дел од капиталните проекти и како дел од стратегијата за инвестиции во детската заштита и во раниот детски развој и грижа за социјално ранливите категории.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести