11.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Владата усвои план за опремување на Армијата според стандардите на НАТО

Најчитани вести

Македонската Влада го усвои годишниот план за склучување договори со владите на земјите од НАТО за набавка на стоки, услуги и опрема за Армијата на Северна Македонија во 2022 година. Со планот, кој содржи осум проекти за модернизација на Армијата, се предвидува набавка на лесни оклопни возила, возила за специјална намена, артилериски системи и муниција од 105 милиметри, системи за противвоздушна одбрана на многу ниски височини.

Предвидено е и ремонт на транспортни хеликоптери, опрема за извидување и разузнавање, „Заеднички контролор за напади на терминал“ и лесни специјални оклопни борбени возила за специјалните единици. Сите осум проекти за набавки ќе се реализираат преку склучување договори за набавка на стоки, услуги и работи во областа на одбраната и безбедноста со владите на сојузниците. Се посочува дека оваа ќе ја зголеми опременоста на Армијата, како и и нејзината интероперабилност со армиите на сојузничките земји.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com