23.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Владата упати апел до опозицијата да не го блокира Собранието

Најчитани вести

Владата синоќа упати апел до пратениците кои ја блокираат работата на Собранието да се повлечат од тој деструктивен начин на дејствување, бидејќи со тоа носат сериозни штети за граѓаните и за државата.

Блокирани се дел од мерките од четвртиот и петтиот пакет за кои се неопходни законски измени за да се реализираат решенијата за одржливост на економијата, за спас на работните места и спроведување на грижата за никој да не биде изоставен. Во инклузивен процес, со консултација на сите засегнати страни досега се насочени околу 1 милијарда и 300 милиони евра кон граѓаните и стопанството за да обезбедиме стабилна одржливост на економијата со потенцијал за ревитализација, се наведува во соопштението на владината Прес-служба.

Владата нагласува дека опозициските пратеници треба да прифатат оти станува збор за исклучително чувствителен момент и дека имаат одговорност пред граѓаните да се надмине оваа ситуација со деблокада на собранискиот процес и Собранието час поскоро да ги усвои законските измени за да се стават во функција мерките од антиковид пакетите, кои се од исклучително значење за граѓаните и за стопанството.

Во иста ситуацијата се ставени и други законски решенија со блокади од стотици или илјадници амандмани, како што се Законот за административни службеници, Законот за високо образование, Законот за внатрешни работи, Законот за работни односи, измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита, Законот за културно наследство и Законот за јавен интерес во културата, Законот за Клинички центар. Владата на Република Северна Македонија апелира собраниската говорница да биде место за дебати, идеи и конструктивни амандмани за најдобри законски решенија во интерес на народот и државата, се потенцира во соопштението.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести