12.8 C
Skopje
Monday, September 27, 2021

Владата со одлука: Спортклуб и Арена во иднина со задолжителен коментар на македонски јазик

Најчитани вести

Македонската Влада на вчерашната своја седница ја разгледа и усвои информацијата за овозможување содржина и емитување на македонски/албански јазик на Спорт Клуб и Арена Спорт кои емитуваат програма во нашата држава, и и препорача на Агенцијата за електронски комуникации, како надлежно тело, да формира работна група со релевантни институции и да пристапи кон изнаоѓање начин за спроведување на заклучокот за регулирање на јазичното покривање со официјален јазик на барем на спортските канали кои се реемитуваат на територијата на Северна Македонија преку јавни комуникациски мрежи и да ја извести Владата во рок од три месеци за оваа можност.

Со оваа одлука Аренаспорт и Спортклуб ќе бидат регулирани како и секаде во регионот, Словенија, Хрватска и Србија каде се емитуваат на официјалните јазици во овие три земји. Сето тоа сега треба да се имплементира и во Македонија најдоцна за три месеци.

Со овој чекор се оди и во заштита на македонскиот јазик и преку спортот.

„Агенцијата за електронски комуникации, како надлежно тело, ќе формира работна група со релевантни институции и да пристапи кон изнаоѓање начин за спроведување на заклучокот за регулирање на јазичното покривање со официјален јазик на спортските канали кои се реемитуваат на територијата на Северна Македонија преку јавни комуникациски мрежи и да ја извести Владата во рок од 3 месеци за оваа можност“ – се вели во заклучокот на вчерашната седница на Владата

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com