15.3 C
Skopje
Wednesday, May 12, 2021

Владата состави листа со 19 предлози за назначување амбасадори

Најчитани вести

Владата денеска на затворена седница ја утврди листата со 19 предлози за назначување амбасадори на нашата земја на следните дестинации Атина, Белград, Загреб, Тирана, Брисел, Хаг, Москва, НАТО, Совет на Европа (Стразбур), ОН (Женева), Доха, Прага, Њу Делхи, Рим, Тел Авив, Копенхаген, Ватикан, Приштина и Пекинг.

Листата ќе биде доставена до претседателот на државата Стево Пендаровски.

Првично на листата биле 21 кандидат, но утврдени се 19, бидејќи за двајца кандидати треба да се завршат дополнителни чекори.

Заев во обраќање на дебатата „Патот до членството во НАТО: Од изолирана до интегрирана земја“ на Филозофскиот факултет во Скопје истакна дека новиот дипломатски претставник во седиштето на НАТО во Брисел ќе биде и првиот амбасадор на Северна Македонија, како на земја членка на Алијансата.

Премиерот најави дека предлозите за новите амбасадори денеска ќе бидат доставени до претседателот на државата, кој ќе треба да одлучи за нивно именување.

Нов амбасадор во Брисел ќе биде досегашниот советник на Заев за надворешна политика Дане Талески, како што претходно брифираа од Владата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести