-1.2 C
Skopje
Monday, February 6, 2023

Владата се мобилизира, по критиките од САД ќе расправа за корупцијата

Најчитани вести

На денот на корупцијата, 9-ти декември, во Владата ќе се организира состанок на кој ќе се расправа за оваа тема, која стана актуелна откако тим за санкции на САД дојде во земјата и најави силен мониторинг на тоа како функционира правосудниот систем и борбата со оваа појава. Состанокот го организира вицепремиерката за политики за добро управување, во соработка со вицепремиерот за европски прашања и евроамбасадорот Дејвид Гир. Ќе се разгледаат забелешките од Извештајот за напредокот на Македонија подготвен од Европската комисија.

Дел од состанокот, со воведните обраќања, ќе биде отворен за јавноста, по што следува затворена сесија, на која, според агендата, ќе се дефинираат целите врз основа на Извештајот на Европската Комисија за 2022 година и динамиката на спроведување на препораките за институциите вклучени во борбата против корупцијата.

Пред овој состанок, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе одржи брифинг со новинарите, на кој ќе информира за актуелните процеси поврзани со работата на Комисијата. Епилогот на случаите што ги разгледуваше ДКСК е познат , но не и прифатлив бидејќи за четири години од функционирањето на овој состав на ДКСК, ниеден нивен предмет за корупција, непотизам или конфликт на интереси не е процесиран, потсетува Шемси Салаи, член на ДКСК.

„Нашите иницијативи не се стигнати до суд. Значи, стигнати до обвинителство и таму имаат завршено. За четири години имаме околу 27 иницијативи за кривична одговорност и 31 иницијатива за одговорност од разни други органи против функционери или други вработени кои го прекршиле законот За сите нив, нема епилог“, вели Шемси Салаи.

Злоупотреба на 3,5 милиони евра за 150 луксузни автомобили во време на пандемија, избор на ќерката на собранискиот спикер Џафери во Надзорниот совет на ЕСМ, сомнителни трансакции на презентерката Бесмира Ејупи, сомнеж за злоупотреба на позицијата на министерот за култура Хисни Исмаили, злоупотреба на средства од ЕУ од екс директорката Лидија Димова, се само неколку од случаите кои ги покренала Антикорупциска но ниеден од нив нема судски епилог.

Соред Салаи, некои случаи се уште се во фиоките на Обвинителството и чекаат одговор, а најголемиот дел од предметите се отфрлени како неосновани или бидејќи не содржат елементи за покревање тужба на суд.

„Сега влијание има политиката, влијанието е нешто што не може да се докаже како такво, но од самиот факт дека не е постапувано на време, е елемент што го покажува тоа влијание“, додава Шемси Салаи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести