Home » Владата пред една година ја пропушти можноста да се стигне до национално единство

Владата пред една година ја пропушти можноста да се стигне до национално единство

by Журнал.мк

Премиерот Ковачевски се повикува на непостоечки изјави од Софија, за коишто вели упатувале на заклучок дека нашиот источен сосед нема да поставува нови услови на патот кон евроинтеграциите на земјава, тврдат во ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека е јасно дека Бугарија е подготвена преку протоколите и преговарањето за заедничката историја да го смени целосно наративот на македонската историја и државност и истото да го претвори во услов за нашето напредување кон Европа. Ковачевски ова го прифати, па сега бара национален консензус, децидни се во ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Димитар Ковачевски, во интервју за МИА ги повика пратениците добро да размислат и да донесат историска одлука-дали ќе го дадат својот глас за Европа или ќе дадат глас за изолација, дали ќе одлучат за подобра иднина или за заробување во минатото. Премиерот очекува плодна парламентарна дебата низ која ќе се разјаснат сите аргументи за сите заедно да дојдат до една натпартиска одлука, пред моментумот кој според Ковачевски тешко дека ќе се повтори.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk