17.8 C
Skopje
Saturday, July 31, 2021

Владата покренува автентично толкување на Законот за контрола на опојни дроги

Најчитани вести

На предлог на Министерството за здравство, Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои информацијата со предлог барање за автентично толкување на член 49, став 1 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции во Собранието.

Постапката, како што информира владиниот портпарол Душко Арсовски, Влада ја покренува заради барањето на голем број компании со лиценци за одгледување канабис за медицински цели за извоз на сушен цвет од канабис, како и заради усогласување на недореченоста во Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции дали сушениот цвет може да добие третман на препарат на супстанции и растенија класифицирани во листите 2 и 3 кој што е подобен за извоз надвор од територијата на државата.

-Станува збор за предлог упатен од Министерството за здравство до Собранието за автентично толкување на член од Законот за контрола на опојни дроги. Тоа е постапка која се покренува на барање на голем број компании со лиценци за одгледување на канабис за медицински цели, прецизира Арсовски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Барањето, додаде, е поднесено, бидејќи е проценето дека има недореченост во Законот.

Тој информира дека на вчерашната седница Владата го усвои и петтиот пакет на мерки кој има за цел рестартирање на економијата и враќање на стапките на економски раст во интервалот од 4 до 5 проценти од пред стапувањето на кризата и за директна поддршка на стопанството, а со тоа и поддршка на граѓаните за подобрување на животниот стандард и на работните услови.

-Вредноста на овој пакет е проценета на 9,773 милијарди денари, рече Арсовски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести