17.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022

Владата одобри престој на странски вооружени сили за учество на воена вежба

Најчитани вести

Владата на вчерашната седница ја усвои Информацијата и донесе одлука за одобрување на влез и престој на странски вооружени сили на територија на Република Северна Македонија поради учество на вежбата „Swift Response – 22“. „Со оваа одлука, Владата ги задолжи надлежните институции да преземат мерки за непречено преминување на државната граница на повеќе од 850 воени и цивилни моторни возила, 8 авиони, 24 хеликоптери, 5 беспилотни летала, вооружување, муниција, опрема и материјално-технички средства на вооружените сили на странските држави, на територијата на Република Северна Македонија, се наведува во владиното соопштение.

Вежбата „Swift Response – 22“ е дел од вежбата „DEFENDER EUROPE 22“, со учество на поголем број припадници на армиите од НАТО и Партнерството за мир и ќе се изведува истовремено на пет локации низ Европа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com