17.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Владата одлучи: Полициски час од утре од 22 часот до 5 часот наутро

Најчитани вести

Од утревечер, 10 март, со почеток во 22 часот се воведува полициски час како мерка против ширењето на коронавирусот, одлучила владата на денешната седница, информираше денеска премиерот Зоран Заев.

Полицискиот час ќе биде како што предложи Комисијата за заразни болести – од 22 часот до 5 часот наутро. Ќе трае до 22 март 2021 година.

„Дадени се инструкции за засилени контроли со конечна цел, спречување на ширење на заразата. Државата треба да продолжи економски да живее, а истовремено да укотвиме најголем дел од граѓаните кои се социјално активни. Тоа се младите кои се најголеми пренесувачи на заразата, бидејќи понекогаш не ни знаат дека се заразени. Оваа мерка ќе влијае на стабилизација на бројките“, рече Заев на денешната прес-конференција.

Предлогот е на Комисијата за заразни болести, а министерот за здравство, Венко Филипче, образложи дека барањето се должело поради нецелосното почитување на дел од анти ковид мерките, особено поради собири после 22 часот и недозволени групирања.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести