Home » Владата нема да дозволи штрајкот на железницата да победи, вели британскиот вицепремиер

Владата нема да дозволи штрајкот на железницата да победи, вели британскиот вицепремиер

by Журнал.мк

Британскиот вицепремиер, Доминик Раб, денеска изјави дека владата не може да дозволи, како што рече, екстремните синдикати да победат со организирање штрајк на железницата, предупредувајќи дека нивните барања може да предизвикаат спирала на инфлација.

Повеќе од 40.000 работници вчера во Велика Британија го започнаа најголемиот штрајк на железницата во последните 30 години и ги напуштија своите работни места поради спорот за платите, условите за работа и работните места.

Штрајкот е организиран поради замрзнување на платите и намалување на бројот на работни места, а синдикатите сметаат дека ова е само можен почеток на т.н. лето на незадоволството кај наставниците, медицинските лица, па дури и адвокатите кои се свртуваат кон овој тип на дејство

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More