Home » Владата на Џонсон доби доверба на гласањето што самата го свика

Владата на Џонсон доби доверба на гласањето што самата го свика

by Журнал.мк

Владата на британскиот премиер Борис Џонсон синоќа го „преживеа“ гласањето за доверба што самата го свика.

Членовите на владејачката Конзервативна партија ги поддржаа министрите за да избегнат распишување избори.

Опозициската Лабуристичка партија побара Џонсон, кој рече дека ќе се повлече, веднаш да биде сменет како привремен лидер додека Конзервативната партија не го избере неговиот наследник на почетокот на септември.

Лабуристите се залагаа и за гласање за доверба на владата и на Џонсон за да се обидат да го соборат што е можно поскоро, но владата се спротивстави, велејќи дека тоа е непотребно бидејќи премиерот веќе кажал дека ќе замине.

Конзервативците наместо тоа предложија гласање за доверба на владата, што таа го „преживеа“ со 349 гласа „за“ и 238 „против“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More