2 C
Skopje
Friday, January 15, 2021

Владата и понатаму без одговор како ќе го назначи Заев за раководител на министерството за финансии

Најчитани вести

Петти ден Владата нема одговор на прашањата кој и на основа на кој закон ќе го назначи премиерот Зоран Заев на функцијата, што самиот си ја додели: раководител на министерството за финансии. Ова значи дека правните служби на Илинденска бр.2 или не знаат или пак купуваат време молчејќи. Откако прво си се предложи за министер за финансии покрај премиерската функција, премиерот се откажа кога го слушна предупредувањето од антикорупциска оти двете функции се неспојливи. Но, рече само ќе одлучувал.

-Не одам таму за да потпишувам. Да креираме храбри политики кои досега немав можност да натерам некој друг да носи такви одлуки. Јас сега ќе ги носам оти бенефит ќе добијат сите граѓани, рече Заев на 26 јуни.

Дали тоа значи дека премиерот ќе биде мислителот, односно одлучувачот а заменичката Ширет Елези од ДУИ само фигура што ќе потпишува? Последново е предвидено со член 48 став 2 од Законот за организација и работа на органите на државната управа :

-Заменикот го заменува министерот во случај кога тој е отсутен или кога поради болест и други причини не е во можност да ја врши својата функција, со сите негови овластувања и одговорности во раководењето, стои во ЗОРОДУ.

Ќе го дозволи ли ДУИ правото диригентската палка во финансии да биде во рацете на Заев, а нивната Елези само потписник? Ако се суди според тоа што министрите на ДУИ останаа недопрени во рамките на т.н. реконструкција, тогаш распределбата на моќта е очигледна.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести