13.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Владата започнува кампања „Вакцинирај се“

Најчитани вести

Владата на Република Северна Македонија и Министерството на здравство денеска започнуваат кампања за масовна вакцинација на населението.

Како што рече денеска на прес конференција премиерот Зоран Заев, се наоѓаме во критична фаза наметната од вирусот, четвртиот бран, мутациите и антеваксерското дезинформирање на населението укажуваат на точно информирање за вакцинирањето.

– Граѓаните мора да ги имаат точните проверни, стручни информации на вакцините за да се поттикнат промени и прифаќање на масовна вакцинација за да се запре процесот на епидемијата. Новиот пик и делта сој потврдуваат дека една од најсуштинските мерки која може да даде резултати е масовна имунизација на населението. Вакцините се безбедени и ефикансни и се единствен начин да се победи пандемијата, рече Заев.

Кампањата што започнува денеска, вели Заев, е со цел да се видат широките насмевки на лицата, без маски и топлите рпегратки.

– Повикот на кампањата е едноставен „Вакцинирај се“, да ја приафтиме и да се отповикаме на повикот за масовна вакцинација за безгрижно дество во пресрет на учебните и академски денови. Таа ни беше мислата кога ги носевме последните мерки, да се ограничат возрасните за сметка на физичката настава. Повикот е за да се вратат и артистите на сцените и да ги испратиме нивните изведби со масовно присуство со доглотрајни аплаузи во безбедни средини без да се грижиме дали некој ќе ни пренесе вирус, вели премиерот.

Како што рече тој, според моменталната динамика, пред нас е период во кој ситуацијата може да биде навистина критична, а најголем број на нови случаи има во градови каде вакцинацијата е најмала.

– Бројот на случаи е најизразен во градови со помал број вакцинирани, за разлика каде има градови со 50 или повеќе проценти. Смртните случаи и со потешки форми се невакцинирани, сосема мал е бројот на заразени помеѓу вакцинирани граѓани и се со лесна клиничка слика. Вакцината е безбедна граѓаните немаат никакви компликации и ова е доказ дека е ефикасна, рече тој.

Заев упати и порака до антиваксерите, дека протестот е уставно загарантирано право, но уставно загарантирано право е и јавното здравје.

– Мерките кои ги предлагаме се докажано ефикасни, а вакцинацијата е едиснтвен начин да се бориме со вирусот. Фактот дека 90 отсто од заразените последната недела се невакцинирани и ист процент од хоспитализираните е недовлсмислена порака за ефикасност на вакцините, рече Заев додавајќи дека над еден милион и 160 илјади дози се вакцинирани и нема граѓани со несакани ефекти.

Според министерот за здравство Венко Филипче, ова е најголем глобален предизвик во последните 100 години, но вакцинацијата може да стави крај на кризата.

– Статистиките кои секојдевно ги правиме велат дека во градовите каде има голем опфат на вакцинација нема притисок, тоа се Охрид Битола, Гевгелија, а каде немаме како Тетово и Гостивар напливот е навистина голем. За вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози и 14 дена по втора доза, до 16 август, од околу 9.000 случаи само десетина проценти биле целосно вакцинирани, вели Филипче.

Само девет од хоспитализираните, вели министерот, биле целосно вакцинирани.

– Има висок смртност на невакцинирани, во изминатиот период 101 лице, од кои 92 невакцинирани, девет од нив примиле вакцина, но биле лица со повеќе хорнични заболувања, појасни министерот.

Преку оваа кампања, вели министерот, ќе се борат и со дезинформациите, а упати повик и до јавни личности, лекари, експерти и сите заинтересирани да помогнат во кампањата за вакцинација.

Прес-конференција на претседателот на Владата Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче

[MK][🔴 Во живо] Прес-конференција на претседателот на Владата Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче

Posted by Венко Филипче on Monday, August 23, 2021

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com