14.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Владата донесе Oдлука за финансиска поддршка на радиодифузерите

Најчитани вести

Во рамки на денешната 48-ма седница, Владата ја разгледана и донесе Одлуката за одобрување на средства од Буџетот за 2021 година во износ од 50 милиони денари на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), како поддршка за справување со кризата предизвикана од Ковид-19.

Како што соопшти владината Прес-служба, ваквата одлука е донесена заради реализација на мерката три од петтиот пакет економски мерки, со што ќе се обезбедат средства за финансиска поддршка на радиодифузерите за надомест на средства платени по основ на такси, давачки и надоместоци за вршење радиодифузна дејност и кои се документирани во финансиската евиденција на АВМУ.

Притоа, Владата го задолж својот Генерален секретаријат, средствата од оваа одлука да ги уплати на наменска сметка на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

– Согласно Одлуката, овие средства Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, треба да ги искористи исклучиво за намената за која што се доделени, односно заради надоместување на средствата кои не се реализирани по основ на наплата на такси, давачки и надоместоци за вршење радиодифузна дејност и кои се документирани во финансиската евиденција на АВМУ, се додава во соопштението.

Од Прес-службата информираат дека за искористувањето на средствата, Агенцијата ќе треба да достави Извештај до Владата во рок од 15 дена од завршување на активностите.

– Во Извештајот, ќе биде потребно поединечно да се набројат секој од радиодифузерите со висина на надоместокот кој го должел и е покриен со средствата од оваа Одлука, како и бројот на фактура со кој истиот бил задолжен. Агенцијата е должна да достави примерок од Извештајот и до Управата за јавни приходи за потребите на системот на данокот на додадена вредност и реализација на целите на данокот на додадена вредност, се наведува во соопштението од владината седница.

Од Владата информораат дека при евентуално утврдени неправилности и ненаменско користење на средствата потребно е Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги средствата да ги врати во Буџетот. Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com