Home » Владата донесе одлука за НАТО вежбовни активности за управување со кризи

Владата донесе одлука за НАТО вежбовни активности за управување со кризи

by Журнал.мк

На предлог на Министерството за одбрана денеска Владата донесе неколку одлуки меѓу кои одлука за изведување на НАТО вежбовни активности за управување со кризи. 

Целта на оваа НАТО вежба, според информацијата од Министерството за одбрана, е тестирање на елементите на НАТО системот за одговор на кризи во насока за одржување и подобрување на националните и капацитетите на НАТО Алијансата во целокупниот спектар на НАТО предводени операции.

Усвоена е и информација за влегување и престој на странски вооружени сили на територија на државата заради изведување на „обука во блиска воздушна поддршка со воздухоплов (Хеликоптер UH-60) на вооружените сили на САД од мисијата „КФОР“ – Косово и одлука за престој на странски вооружени сили заради учество во обука во блиска воздушна поддршка со воздухоплови на вооружените сили на САД на армискиот полигон „Криволак“.

Донесена е и одлука за испраќање припадници на Армијата за учество на вежбата „CMX 23 (Crisis Management Exercise)“ во Кралството Белгија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk