33.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

Владата денеска ќе решава за враќање на полицискиот час

Најчитани вести

Владата на денешната седница треба да се произнесе по предлогот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести за воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава. Според најавите полицискиот час би бил заведен од утре и би траел две недели. Министерот Венко Филипче образложи дека овој предлогот на Комисијата е поради тоа што во изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање.

Анализите на Комисијата утврдиле дека поради непочитување на мерките, ќе има нови случаи на заразени, но и зголемен број хоспитализирани. Од таа причина Комисијата смета дека една ваква ригорозна мерка ќе има ефект.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести